Уапсен Дедо Мраз во Колорадо: Ограбил банка, па фрлал пари по улица и викал Среќен Божик! (ВИДЕО)

Необичен грабеж на банка во Колорадо завршил со апсење на крадецот кого минувачите го нарекле Дедо Мраз во цивил затоа што со извиците „Среќен Божик“ почнал да ги фрла украдените пари на минувачите на улица.

Имено Дејвид Вејн Оливер (65) уапсен е набрзо по грабежот во кафуле во кое седел откако претходно ја ограбил Академи банката во Колорадо спрингс.

Како што соопштила полицијата, тој грабежот го извел со закана со оружје, а не се знае точниот износ со кој ја напуштил банката.

Некои од минувачите ги зеле парите кои Оливер почнал да ги фрла по улица и ги вратиле на банката.

„Почна да фрла пари од торбата и да вика Среќен Божик“, изјави еден од очевидците.

Додека некои од минувачите ги вратиле парите во банката, Оливер влегол во Старбакс, седнал и чекал полицијата да го уапси, пренесува локалната телевизија ККТВ.

Оливер моментно се наоѓа во окружниот затвор во Ел Пасо со одредена кауција од 10.000 долари.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e