Трамп: Новата средба на Г-7 ќе се оддржи во Кемп Дејвид

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека новата средба на Г-7 ќе се оддржи во неговата официјална резиденција во Кемп Дејвид, а не како што претходно беше кажано, во неговиот голф клуб во Флорида.

-Средбата ќе биде во Кемп Дејвид, рече Трамп пред новинарите во Лондон пред самитот на НАТО, за време на заедничката прес конференција со премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Трамп сакаше следната година, од 10 до 12 јуни, да им биде домаќин на лидерите на Г-7 во националното летувалиште „Трамп“, но се повлече од оваа идеја во октомври, откако беше обвинет дека сака да заработи од американската дипломатија.

Шефот на неговиот кабинет, меѓутоа, претполага дека Кемп Дејвид е „премало место и предалеку“ за таква средба.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e