Старџен: Џонсон треба да дозволи на луѓето во Шкотска да решат за својата иднина

Шкотската премиерка Никола Старџен го предупреди британскиот премиер Борис Џонсон дека не може да ја задржи Шкотска во Обединетото кралство против волјата на земјата, пренесоа британските медиуми.

Џонсон и неговата влада повеќепати кажуваа дека нема да дозволат втор референдум за независност на Шкотска, но откако Шкотската национална партија освои 48 од 59-те места за Шкотска во парламентот на Обединетото кралство, Старџен изјави дека нејзината партија доби мандат за нов референдум.

-Ако тој си мисли…, дека со тоа што кажа „не“ е крајот на дискусијата, тогаш тој греши, рече Старџен во емисијата на Ендрју Мар на Би-Би-Си.

„Не можете да ја држите Шкотска против нејзината волја…Доколку Обединетото кралство продолжи да постои тоа може да биде само со согласност. И доколку Борис Џонсон е уверен во однос на обединувањето тогаш тој треба да биде доволно уверен за да го направи тоа и да им дозволи на луѓето да одлучат“.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e