Салвини предложи најголемите партии да работат заедно, за да ги решат горливите проблеми во земјата

Лидерот на италијанската ултрадесничарка партија Лига, Матео Салвини се откажа од барањето Владата да поднесе оставка и предложи најголемите партии да работат заедно, за да ги решат горливите проблеми во земјата.

– Ајде да седнеме на маса и да постигнеме договор за пет приоритети за земјата: штедење, полтика на раст, правда, инфраструктура и здравство, пред да биде доцна, а потоа можеме да одржиме избори, напиша Салвини на Твитер.

Тој претходно изјави дека мора да биде постигната согласност за новиот изборен закон.

Промената на ставот на Салвини е изненадување за многу аналитичари, додека дел од експертите наведоа дека тој изгубил надеж оти фрагментираната владејачка коалиција ќе се распадне наскоро. Исто така, аналитичарите наведуваат дека и во случај партиите да најдат заеднички став, тоа би бил долг процес, што би траел со месеци, ако не и со години.

Според анкетите, Лига е најпопуларна партија во Италија, со околу 30 проценти поддршка.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e