Новата Европска комисија, предводена од Урсула фон дер Лејен, денеска почнува со работа

Европската комисија во новиот состав, предводена од Урсула фон дер Лејен, денеска почнува со работа.

Европската комисија е главно извршно тело на ЕУ, која по својот состав и функции наликува на влада.

Наместо министри, составена е од комесари задолжени за различни ресори, при што секој член на Комисијата доаѓа од различна земја членка на ЕУ.

Со Урсула фон дер Лејен на чело, Европската комисија за првпат добива жена претседател.

Во исто време, во новиот состав на Европска комисија постигнат е досега највисок родов баланс, односно од 27 највисоки позиции, 11 ги држат жени.

Комисијата, која во наредните пет години ќе биде една од трите најважни институции на ЕУ, покрај Парламентот и Советот, ја сочинуваат претседателката, 25 комесари и шефот на дипломатијата на ЕУ, кој е и потпретседател на Европската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e