Министрите за животна средина на ЕУ бараат од ЕК итни мерки за зачувување и спас на биодиверзитетот ширум светот

Министрите за животна средина на ЕУ бараат од Европската Комисија итно да подготви конкретни мерки за зачувување и спас на биодиверзитетот ширум светот.

На околу еден милион видови им се заканува исчезнување доколку не се преземе нешто за спас на екосистемите.

Во март следната година Европската Комисија треба да ја објави нејзината стратегија за биодиверзитетот до 2030. Министрите за животна средина очекуваат таа да овозможи ЕУ да стане лидер и пример за следење за целиот свет во пресрет на конференцијата на Обединетите нации посветена на биолошкиот диверзитет која ќе се одржи во октомври 2020.

Стратегијата на Европската Комисија за биодиверзитетот е дел од Зелениот Пакт на ЕУ, презентиран пред една недела.

Финското претседателство изрази жалење што биодиверзитетот не го добива истото внимание како и климатските промени и истакна дека ЕУ треба да и даде поголема видливост на оваа тема.

Финската министерка за животна средина предупреди дека секојдневно сме сведоци на уништувањето на океаните и шумите поради човечката активност.

– Ова има последици врз нашата економија, нашиот начин на живеење, безбедноста на храната, здравјето и квалитетот на животот во целиот свет, мораме да делуваме на координиран начин за да ја спречиме загубата на биодиверзитетот, и истовремено да бараме синергии со акциите во полза на климата, изјави министерката Криста Миконен.

Министрите бараат преземање итни мерки на сите нивоа и во сите земји и региони во светот за да се спасат екосистемите.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e