Меконел: Најнечесен импичмент во историјата

Лидерот на републиканското мнозинство на американскиот Сенат, Мич Меконел, го обвини мнозинството демократи во Претставничкиот дом поради отповикувањето на претседателот Доналд Трамп.

– Демократите ја спроведоа најбрзоплетата, најповршната и најнечесната истрага за отповикување во модерната историја. Нивниот процес резултираше во првото целосно партиско отповикување од Граѓанската војна (1861-65),  нагласи Меконел.

Според него, Претставничкиот дом дозволил „тој гнев на партијата“ да создаде „токсичен преседан што ќе се чувствува во иднина“.

Меконел предупреди дека тримесечната истрага на Претставничкиот дом против Трамп може да им наштети на американските демократски институции и рече дека телото не успеало да докаже дека Трамп прекршил каков било закон.

Тој изрази подготвеност да работи со Белата куќа за да обезбеди брз тек на постапките во Сенатот против претседателот.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e