(ФОТО) Александар Вучиќ на протестите претставен како Ким Јонг УН

Илјадници Срби учествуваа во вчерашните протести против владата и власта на Србија во центарот на главниот град Белград.

Претходно беше објавено дека ова ќе биде најголемата демонстрација против власта на Србија и дури претпоставки дека насилно ќес е влезе во институциите.

Повеќето беа млади демонстранти – на возраст од 20-30 години, кои категорично се изјаснуваат дека повеќе не сакаат да живеат под режимот на претседателот Александар Вучиќ.

Незадоволните бараа и оставки на премиерот Ана Бурнабиќ и на претседателката на парламентот Маја Гојковиќ.

Жителите носеа многу пароли, вклучувајќи ги и оние на кои претседателот Вучиќ се изедначува со Ким Јонг Ун, и севрнокорејскиот режим.

vucko-korejac

Демонстрантите велат дека нема да одат дома и вака ќе протестираат секој ден додека не паднат владата и парламентот и во земјата не се закажат нови парламентарни избори.

Претставниците на протестот „Еден од пет милиони” порачаа дека се подготвени за разговор со надлежните органи и оти во следните денови ќе делегираат претставници за сите три предложени работни групи.

-За започнување на дијалогот, ние не само што ги определивме претставниците на опозициските партии, туку и претставниците на здруженијата, беше нагласено од собирот.

Целта на организаторите на протестите е и да се покаже сила и масовност на демонстрациите, како и да го привлечат вниманието на меѓународната јавност.

Вучиќ, исто така, коментираше – според него, не треба да има начин да се отстапи пред како што тој вели насилството и фашизмот во земјата.

“Време е некој да работи за иднината на Србија”, рече тој во својот говор на митингот во неговата поддршка во Нови Сад, во организација на Српската напредна партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e