Грабар-Китаровиќ: Хрватите имаат две татковини

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денес ги отфрли обвиненијата за заземање на територија на БиХ поради нејзината изјава за Хрватска „од Вис до Купер“, за што ја обвини членот на државното претседателство на БиХ, Жељко Комшиќ

„Во БиХ проблемот не е непостоечко заземање на територијата, туку мајоризацијата и кршењето на елементарните демократски и уставни права на Хрватите како конститутивен народ“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на хрватскиот претседател.

Грабар-Китаровиќ вели дека Хрватите имаат две татковини, Хрватска и Босна и Херцеговина, се додава во соопштението.

Партијата Демократски фронт (ДФ) на Комшиќ ја обвини Китаровиќ го доведува во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, како и дека го опишала босанскиот град Купрес како дел од Хрватска.

ДФ во изјава истакна дека ја смета за „скандалозна“ изјава на хрватскиот претседател по мечот меѓу Хрватска и Унгарија во Сплит, пренесува индек.хр .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e