Грабар-Китаровиќ ги повика граѓаните да гласаат за нејзиниот противкандидат

Досегашната претседателка на Хрватска и кандидатка за втор мандат, Колинда Грабар-Китаровиќ за време на гостувањето во Телевизија Н1 направи гаф и ги повика граѓаните да го заокржуат борјот 1, број под кој во вториот круг се наоѓа нејзиниот противкандидат, Зоран Милановиќ.

„Ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за Хрватска која ќе го продолжи процесот на раст и развој и за Хрватска која знае и може подобро, Хрватска која е горда на своите вредности и нема комплекс на помала вредност и во светот е рамноправен соговорник. Ве повикувам да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче“, рече Грабар-Китаровиќ.

Информацијата ја пренесе хрватскиот портал 24sata.hr, по што се коментираше дека се работи за очигледен гаф на една недела пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e