Британската полиција денешниот инцидент на Лондонскиот мост го оценува како „поврзан со тероризам“

Британската полиција соопшти дека денешниот инцидент на Лондонскиот мост како „поврзан со тероризам“ и потврди дека застрелала еден маж.

Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори, соопшти дека во инцидентот е убиено најмалку едно лице, кое не е напаѓачот.

„Во овој момент, околностите во врска со инцидентот на Лондонскиот мост и натаму не се јасни. Сепак, од претпазливост, во моментов реагираме како да станува збор за инцидент поврзан со тероризам“, соопшти полицијата преку Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека редовно добива информации за инцидентот и и се заблагодари на полицијата и итните служби на брзата реакција.

Полицијата претходно соопшти дека се повредени неколку лица. „Телеграф“ јави за шестмина повредени, од кои најмалку тројца во животно-загрозувачка состојба.

„Полицијата во притвор задржа еден маж. Веруваме дека неколку лица се повредени“, информираше лонондската полиција.

Според новинар на Би Би Си едно лице со нож нападнало неколкумина на мостот, кои се обиделе да го совладаат. Потоа пристигнала полицијата и испукала неколку куршуми.

Лондонската Итна служба соопшти дека настанот го оквалификувала како „голем инцидент“ и оти неколку тимови излегле на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e