Заев ќе излезе многу посилен и од оваа фингирана, наводна криза

Многумина не веруваа дека со водство на Заев, ќе срушиме режим со пенкало.
Не веруваа дека Заев ќе формира влада…
Го срушивме режимот, а Заев формираше влада.
Не веруваа во голема победа на локалните избори, но се случи.
Груевизмот падна на колена.
Некои “неверни Томи” пуштаат муабети дека ќе паднел рејтингот на Заев заради законот за јазици. Повторно се сомневаат во Заев, а знаете ли зошто?
Затоа што:
1. Се окупирани со личен интерес и се замараат со рејтинзи, од страв да не изгубат некоја привилегија.
2. Немаат капацитет да го видат коренот на проблемот и долгорочниот бенефит од решението на проблемот.
Мене не ми пречи ако граѓанин побара услуга во државна институција (за која и тој плаќа данок), на свој мајчин јазик. Мене ме интересира секоја институција да биде силна и независна, за сите нас, да владее правото…
И за крај…
Заев ќе излезе многу посилен и од оваа фингирана, наводна криза, јас би рекол период…
Но како ќе го погледнат во очи критичарите кои имаат демократска можност да критикуваат, благодарение токму на него и неговата визија?

Ване Цветанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ