Врховистичка митогенеза на ВМРО ДПМНЕ?!

Не е новост кога ќе речеме дека историјата ни ја дава таа уникатна можност да го разбереме минатото за да се осознаеме подобро себе во сегашноста. Но, тоа понекогаш бара од нас сериозен напор кон преиспитување на самата историја , па дури и самата природа на историското знаење. Имено, филозофијата на историјата бара од нас во континуитет да преиспитуваме од што точно се состои таа – дали од индивидуални или колетивни дејствија, од партикуларни или општествените настани, или можеби од политичките, социјалнинте, културните, технолошките , природните структури, околности и контексти.

Како и да е, несомнено е дека сите наведени варијабли се значајни детерминанти за толкување на историските факти и сегогаш треба да се земат предвид кога имаме намера да го презентираме минатото и настаните кои се случувале пред нашето време – а кои имаат значење за нас во сегашноста. Она што е важно исто така е дека историјата како и секоја друга наука која што има намера да се закити со атрибутот на хуманизмот, не може и не смее да биде ослободена од морални, и етички консидерации, па дури и од субјективни и херменевтички аспекти во анализите. На пример, хегеловата филозофијата на историјата е интересна во таа смисла, зошто според него историјата се разбира како процес кој се движи кон една многу специфична состојба – а тоа е ЦЕЛОСНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЧОВЕКОВАТА СЛОБОДА.

Имено, тој ја разоткрива врската помеѓу таканаречента „објективна“ историја и она што се нарекува субјективен развој на индивидуалната свест („дух/Geist “): како интимен аспект; и ова е централна теза во неговата Феноменологија на духот. Хегел ќе рече :„Историјата е процес преку кој духот се открива себеси и својот концепт“!. Тој со други зборови, укажува на низа специфични моменти сметајќи ги за значајни во т.н. светско –историска смисла , а кои ги поврзува со процесот на постигнување на последната фаза на историјата : а тоа е ОТЕЛОТВОРУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВАТА СЛОБОДА. Но, зошто тука зборуваме за Хегел и неговата рефецеријаност околу одност на историјата , свеста и слободата?

Причината е едноставна, прво, прашањето на слободата од секогаш било интересно за човекот како посебна индивидуа, но, исто така слободата е категорија со која се занимава и секој еден колектив. Колективот пак има капацитет да ја еродира слободтата на своите индивидуални членови, па така, слободата и концепциите што таа ги претсавува се многу и не ретко тие концепти запаѓаат во кондркторини динамики. Оттука, и историјата е преполна со примери во ги сретнуваме тие стремежи за слобода – како на колективно ниво така и на индивидуално ниво , секогаш рефлектирајќи ги кондадикциите кои го споменавме погоре.

Токму една таква контрадикторна диманика и интерпретација на слободата се случила и во рамките на нашата историја, ако воопшто можеме така да ја именуваме историјата на ВМРО – како наша?!
Со други зборови, периодите пред отелотелотворувањето на државнио-правниот субјективитет на Македонската Република, а поврзани со ревoлуционерните движења кои се залагаат за СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА – штo и да значи тоа, се преполни со контроверзи! Тие секако произлегуваат од различните интрепретации за тоа што е СЛОБОДЕН МАКЕДОНЕЦ и како треба да изгледа неговата СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?!.

Овие прашања се актуелни и денес, а не ретко се и легитимни.

Сепак, она што е застрашувчко, а е поврзано со барањата за ослободување на индивиудите и колективите- како во минатото така и дененс – е тоа дека НАСИЛСТВОТО, НЕ РЕТКО СТАНУВА ИНСТРУМЕНТ ЗА СЛОБОДА – па така и самата слобода не ретко е обременета од овие задушувачки нејзини еманирања, имено од насилство и со нејзината злоупотреба.
Можеме да се запрашаме, зарем ова не е контрадикторно и контрапродуктивно?! Несомнено, одговорите ќе варираат.

Па така, ако ја прашате на пример Менча Корничу- осудената атентаторка на Тодор Паница, таа веројатно ќе одговори негативно на прашањето погоре. Затоа што убиството на Паница ќе биде извршено во име на ослободување на Македонија – со што пред нас се разоткрива фактот дека во времето на Менча и Паница дефинитивно се етаблирале различните концепти и верувања во врска со тоа што е и каква треба да е слободната македонска република.

Случајот со атентатот на Паница, имено во една хегелијанска смисла го актуелизира токму прашањето за дострелите на слободата, нив ги оживува токму во врска со македонското прашање – кое несомнено во времето пред македонската државотворност, а поврзано со ВМРО изобилува со контроверии, како што впрочем и атентатот на Паница ќе ни разоткрие.

Целата колумна на Ана Чупеска за Либертас на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e