Ни атер крши, ни работа врши!

Првото интервју на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ,  беше како згрчено лизгање на тенок мраз – со разни огради, дозирана воздржаност, наменска затвореност, предозирана внимателност… Да го коментираше неговиот настап Милка Бабовиќ, ќе констатираше сиромашен настап и од технички и од „уметнички дојам“: ни скокови, ни двоен аксел, ни троен луп, ни спирали…

Се разбира, не мора се да биде промовирано во првиот настап, особено во период на раководна транзиција, во кој се уште не се избрани новите партиски органи. Но, засега изгледа прилично скромна единствената промовирана разликата со неговиот претходник: Мицкоски е неспоредливо поелоквентен, неговиот говор е смирен и во голема мера тактичен, не зрачи со толку силна суета, ни со отворена или латентна конфликтност што води кон поларизација.

Но, меките тонови со кои благо најави селективен дисконтинуитет со претходните политики (што е добро ќе продолжи, што е лошо ќе престане) воопшто не ја открија новата насока (ако воопшто ја има) во која оперативно ќе се движи партијата. Напротив, во желба да им се допадне на сите („со отворена прегратка“) Мицкоски влезе во некои суштински контрадикторности. Кокетирањето со желбата да се биде широко прифатен од сите (стари и нови кадри, ветерани, унии на млади, на жени и најмногу од пратеничката група), не е добра менаџерска особина. Тоа води кон оксиморонскиот манир на спротивставени тези да одговара со „и ти во право, и ти си во право“.

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e