Да го бараме она што нè врзува, а не она што нè дели

И врапците знаат дека Северна Македонија е добра во односите со Грција, a ние типично, мора да направиме потрес барем кон другите. Кон кого? Удри на Бугарите. Ако, пак, Бугарите удрат на нас, ние ќе удриме на Бугарите. Мора да се удри на некој, живот без удирање живот не е, така размислува просечен патриот од која било балканска провинција.

Не треба да заборавиме дека национализмот е идеологија на десните национал-романтичарски елити и дека во изворно значење претставува облик што е далеку од народот. А популизмот е, барем на Балканот, стратегија со која се убедува народот дека неговото постење витално зависи од „идентитетот“. Од друга страна, важно е да се каже: посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет е неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации, и е дел од многу прифатени и признати модерни јазици кои се изучуваат на универзитетите во целиот свет.

Во „пркосната нота“ на Бугарија, односно „бугарскиот меморандум“, забележувам еден прикриен (или отворен?) револт од нашите соседи со кои потпишавме договор за доброседство и пријателство. Па, типично, повторно почна „кафанско дерење“ за тоа што е што: дали сме ние тоа што сме, дали јазикот е таков каков што е, дали Гоце Делчев е наш или нивни. Знаете што, тешка и мачна е „политиката на идентитети“ на овие балкански простори. Дури, би рекол, дека се работи за една политичка константа: не запираат ламентите над нивната судбината и ламентите над нивната заштита. Среде корона-криза, која сè уште трае, најголемите викачи и врескачи не ги напуштаат своите стражарски места, продолжуваат со набљудување на тоа што е она што нивниот „идентитет“ наводно го загрозува, а на тоа ја предупредуваат јавноста во својата земја.

Меѓутоа, откако животот во нашата држава почна неодлучно и постепено да се враќа во нормална состојба, повторно се намножија вести на нашите (пара)портали дека ни е загрозен и јазикот македонски. Сметаат „патриотите“ дека поради пандемијата нивото на омраза кон соседите ни е опаднат, па се трудат да ја напумпаат јавноста со нова количина омраза – како што тие мислат – загрозено ни било нашето витално и есенцијално национално чувство!?

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e