Бугарите не ни се виновни!

Изгледа дека тој „тоталитарен Тито“ на госпоѓата министерка Захариева, направи многу силна држава со висок стандард, дури се меревме со Германија. Тогашниот динар беше конвертибилен и се разменуваше готово во сите западни банки. Еден мој пријател знае да каже дека „па тој Тито ти бил светец, оти од 22 милиони примитивци какви што сме, успеал да направи луѓе со пристоен систем на вредности, со респектибилни меритократски институции, со добар стандард на живеење, со висока култура…“.

Оттука, мора да се запрашаме – што ни се има случено нам овие 30 години што од „американци“ за источниот свет (вклучително за Бугарите), стасавме до дереџе на просјаци (и во однос на Бугарите)?! Не дека кај нив немало злоупотреби, криминал и корупција. Тоа го имало и ќе го има, ама кај нас изгледа тоа длабоко е институционализирано. Криминалната приватизација создаде еден криминален слој на кои секоја влада им седнува на скут. За нив законите се обична тоалет хартија, владините функционери – нивни слуги, а народот потрошен материјал. Тоа постепено доведе и до тешка контаминација на народниот мозок, кој сега во голема мера големите девијации ги смета за способност. Броjни луѓе денес се радуваат ако им успева својот глас да го продадат за некоку евра! На ним е избришано човечкиот инстикт за грижата за наредните генераци. А обична мравката со својот инстикт делува поинаку.

Факт дека сега е уништено и тој мал меритократски идеал што на почетокот постоеше кај политичките партии, но постепено тие во голема мера станаа слуги на ѓаволот. Познато е дека во оптшествените процеси ако направите некој сериозен пропуст, скапите фактури нема да завршат само кај вас, туку и кај вашите деца и внуци. Тоа зло ние сега во голем обем го имаме, за разлика од сите наши соседи и регионални држави. И сега од тука ни бега најспособниот и највиталниот слој од населението, затоа што партиите на власт вработуваат и авансираат само послушни полуписмени. Тоа нешто длабоко не закопува а ние се уште не приметуваме. Оттука, Бугарите ич не ни се виновни. Ние самитe 30 години непрестано ја силуваме својата држава, ја крадеме својата куќа, вршиме општ грабеж над јавното добро, поддржуваме неписменство и газиме по професионалното. Грубо газиме по иднината на нашите деца, на кои изгледа насекаде по светот им стана подобро отколку во својата домовина. Што се тука виновни Бугарите кои во 1990 примаа просечна плата помала од 70 марки, кога кај нас тaa беше десет пати повеќе. Да имавме грам нормалност на време консенсуално ќе ги решававме сите проблеми и ќе станевме членка на ЕУ уште во 1999 година! Но, на бројни домашни политичари националната хистерија им служел како густа магла за да не се гледа општиот грабеж. Тоа ни ја губеше скапото време. Тие по рационалните залудно велеа – немаме време за будалите, ама брзо сфатија дека будалите имале доста време за нив.

КАДЕ Е СПАСОТ?

Спасот не е можен со закони, оти ние имаме натпросечен талент да не ги применуваме. Странските познавачи на светските инвестиции сметат дека само големото либерализирање на инвестициите согласно природните ресурси може да не спаси. Кинеските експерти велат дека Тајван територијално е скоро колку нашата држава, но издржува 24 милиони жители со пет пати повисок стандард. Тие велат дека по нашиве планини има најмалку 8 терени кај што странските магнати би изградиле светки ски-центри и самите би обезбедиле клиентела. Доволно е тоа да го понудиме таму кај што треба. Велат дека само во Маврово би вработиле 30 илјади луѓе во голем број проекти за целогодишен туризам (чист водух, рекреација итн.), а да не зборуваме за квалитетните термални води што ги имаме, водата за пиење и условите за модерно земјоделие, капацитети што кај нас во голема мера се запустени. Тоа неминовно ќе создадеше сосема подруг политички амбиент, оти квалитетните вработувања во приватниот сектор комплетно ќе го сменеа образовниот систем. А на политичките партии по своја логика ќе им се земел главниот адут – партискиот клиентелизам во државните служби, оти тоа природно ќе се прикачи кон меритокрацијата.

Друго што треба да се направи е силното залагање за регионална економска и трговска интерграција (популарно наречено како „Мини-Шенген“). Пазарот со над 18 милиона жители веројатно видно би ги зајакнал конкурентските капацитети на компаниите, енормно би влијаеел во странските инвестиции, би се зголемувало вработувањето, а со тоа би се намалувал и исселувањето на највиталниот слој на општеството. Но, и тука треба да имаме предвид дека бројни регионални влади во голема мера импровизираат на тие разговори, оти бројни структури не сакаат да го испуштат од раце црниот профит што се реализира од националите царини.

При услови на таков регионален пазар ние по автоматизам се движиме кон заедничкиот европски пазар, па ќе нема потреба толку тензично да се залагаме за преговори со ЕУ, кои рака на срце и да почнат многи долго би траеле. Ако се спореди со темпото на преговорите со Црна Гора и Србија, нашите преговори сигурно би потраеле дваесетина години. Црна Гора ги започна преговорите во 2012 година, а Србија три години подоцна, а двете досега немаат завршено ниту 30 отсто од работата. Тешките преговори тек им предстојат. Оттука, не би требало хистерично да трчаме за формални преговори само за маркетиншка домашна калкулација, ЕУ сега има тешки внатрешни проблеми околу тоа како понатаму, околу проширувањето, околу функционалноста, околу Брекзит, околу владдењето на правото итн. Таа сега има тешки несогласувања околу Ковид-буџетот кој претендира да се распредели според условот – владеењето на правото, на што силно се спротиставуваат Полска и Унгарија. Оттука, форсирање на преговорите по цена на трошење на толкава енергија е рамно на сизифовата и донкихотовата логика. Ако е тоа поради толкавата потреба е за гола власт, можеме да го нарекува и своевиден морал, но тогаш имаме серизен проблем кон нешето дефинирање на моралот. Ако ја бараме содржината на проблемот, тогаш би требало да дејствуваме сосема поинаку. Треба да престанеме да бидеме наелектиризирани со негативни јони поради бугарското вето или дејствувањето на опозицијата. Изјавите од типот дека „тешко е да се разбере дали ЕУ е сериозна со нас“ се ептен штетни и нереални ако се има во фокус европската реалност. Мора да се воспостави сериозен и искрен дијалог со опозицијата. За вработувањата во јавниот сектор мора да се исклучи човечкиот и партискиот фактор. Зошто членови на управни одбори да нема луѓе предложени и од опозицијата? Зошто толкав број в.д. директори итн.  Конечно треба да престанеме  да си се гледаме како она глупавата мачка Херкулес, која пред илузорното огледало си мислела дека е тигар. Дотогаш, секогаш кога ќе ни дојдат нашите пет минути, перманентно ќе ни се расипуваа саатот. Случајот „Џака -инвестиција“ во Тетово, говори дека се уште не сме ја научиле лекцијата – како треба да бидеме нормални!

Мерсел Биљали

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e