Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа
Поминаа повеќе од три месеци од последните парламентарни избори, а ние се уште не најдовме решение за нашата политичка, институционална, правна а пред сé реална криза. Многу трпелив народ сме биле, за тоа може да бидеме сигурни. Не само што го донесовме на власт Груевски, туку и го трпевме цели 10 години. Херојски издржавме без да пуштиме глас! За поголемиот дел од нашите политичари и за нивното бескрајно трпение ич да не зборам, потрпеливи и посмирени луѓе не се наоѓаат во цел свет. За долги години, сите гласови што ги добиваа на избори од граѓаните кои повторно и повторно гласаа за нив, давајќи им шанса да бидат дел од власта со надеж дека овој пат се опаметиле, тие му ги подаруваа, украсени со црвена машна, на неприкосновениот “владетел” кој ги држеше под конторла во тоа што покасно стана познато како “тендерска коалиција”. Ова траеше сé до еден убав декемвриски ден кога граѓаните се уморија од чекање и од сите шанси што ги дадоа а кои останаа неискористени од политичарите “патриоти” и рекоа “Доста е!” и гласаа за промени. Гласаа да стават крај на институционалната криза, арбитрерноста на досегашната власт, на владеењето на моќта наместо правото, и на киднапирањето на државните институции. Гласаа за враќањет во процесот на евро-атлантска интеграција, одамна заборавен процес кој не стоеше на место туку одеше назад во последниве десет години. Гласаа за една поинаква и подбора иднина за своите деца, трудејќи се да го фатат последниот момент пред сите птици да полетат неповратно во разни светски дестинации, таму каде ниту албанскиот ниту македонскиот не се службени јазици, таму каде не се вее ниту македнонското ниту албанското знаме пред државните институции, меѓутоа таму младиот лекар Албанец или младате инжинерка Македонка ја гледаат јасно својата бистра перспектива и се спокојни за иднината на нивните сопствени деца која ќе биде многу поубава од нивната.
Народната изрека “Трпение, спасение” не ќе да е многу точна во балканското поднебје. Многу издржливи и трпеливи луѓе сме ние балканците, иако светот нé познава како емотивни, избувливи и нервозни кои биле инволвирани во крвави конфликти траумите кои сеуште не прогонуваат и се закануваат дека ќе се повторат секогаш кога ситуацијата малку ќе “загрее”, а посебно кога чашата на криминалот ќе се преполни и прелее.
Многу висок праг на толеранција сме имале за многу негативни работи: злоупотреба на власта, крадење на народни пари, екстремно загадување на околината што те остава без здив, корупција која цвета во секој сегмент на општеството, непостојниот квалитет во образованието, здравството… многу трпеливи и здржливи луѓе сме биле!
И се уште продолжуваме да имаме бескрајно трпение. Носителите на високи државни функции бесрамно се потсмеваат на ова наше трпение. Тие бесрамно и јавно вршат кривични дела, поттикнуваат омраза, повикуваат на војна искористувајќи ги медиумите кои ги контролираат, а потоа смирено и спокојно си одат дома без да носат ниту трошка од одговорноста која се поврзува со нивните дејствија.
Целата колумна прочитајте ја тука