Жозе Мурињо стана прв тренер кој изборил учество во елиминациската фаза од ЛШ со шест различни екипи

Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо стана прв тренер кој успеал да избори учество во елиминациската фаза од Лигата на шампионите со шест различни екипи.

„Специјалецот“ во плеј-офот од елитното натпреварување стигна предводејќи ги Порто, Интер Манчестер јунајтед ,Челси, Реал Мадрид и од синоќа Тотенхем.

Премиерлигашот од Лондон славеше победа над Олимпијакос со 4:2.

Резултати на другите натпревари од елитното натпреварување одиграни вчеравечер:
Галатасарај – Клуб Бриж 1:1
Локомотив Москва – Баер Леверкузен 0:2
Аталанта – Динамо Загреб 2:0
Црвена ѕвезда – Баерн Минхен 0:6
Јувентус – Атлетико Мадрид 1:0
Манчестер сити – Шахтар 1:1
Реал Мадрид – ПСЖ 2:2.

Покрај Тотенхем во следната фаза досега место изборија: ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер сити и Јувентус.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e