Ван Дајк: Салцбург е одличен тим и тоа го знаевме пред натпреварот

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, по синоќешната победа над Салцбург во 2. коло од Лигата на шампионите (4:3), истакна дека противникот им предизвика проблеми, но тоа не било случајно.

– Салцбург е одличен тим, го знаевме тоа пред натпреварот. Им подаривме гол во првото полувреме и со тоа само ја засиливме нивната самодоверба. Наскоро, Салцбург го постигна вториот гол, а потоа стигна и до изедначување. Со против нападите ни создадоа многу проблеми, истакна Ван Дајк.

По две кола во Лигата на шампионите, Ливерпул и Салцбург имаат собрано по три бода и се веднаш зад лидерот Наполи кој има четири. Последен е Генк со само еден бод.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e