Совладан Израел за трето место во групата (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација победи со 1:0 против Израел во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020.

Стрелец на победничкиот гол беше Бобан Николов во судиското продолжение од првото полувреме.

Тимот на Игор Ангеловски имаше неколку шансите пред голот на израелскиот голман Харуш кој конечно капитулираше после еден изведен корнер, кога најдобро се снајде Николов кој ја упати топката во небранетиот дел на голот.

Со победата Македонија ги заврши квалификациите на третото место во групата зад Полска и Австрија со 14 освоени бода, што претставува најдобар пласман на македонската А-селекција во еден квалификациски циклус од осамостојувањето до денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e