Седми триумф за шампионите на НБА во 31 натпревар

Екипата на Голден Стејт забележа победа над Минесота со 113:104 на дуелот одигран рано утрово во Сан Франциско. За „воините“ ова е само седми триумф оваа сезона, наспроти 24-те порази.

Најпродуктивен на паркетот беше Д’Анџело Расел, со 30 поени.

Резултати на другите средби одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Кливленд – Атланта 121:118
Детроит – Филаделфија 109:125
Индијана – Торонто 120:115 (по продолжение)
Њујорк – Вашингтон 115:121
Орландо – Чикаго 103:95
Мајами – Јута 107:104
Мемфис – Сан Антонио 115:145
Феникс – Денвер 111:113
Портланд – Њу Орлеанс 94:102
Сакраменто – Хјустон 104:113.

Лидер во Западната конференција е Лос Анџелес лејкерс со 24 победи и шест порази. На исток Милвоки е прв со 27 победи и четири порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e