Реал е заинтересиран за Кулибали

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесува „Калчомеркато“. Газдите на мадридскиот клуб гледаат во 28-годишниот Сенегалец наследник на Серхио Рамос.

Оваа сезона Кулибали одигра 17 натпревари на сите турнири во кои доби три жолти картони и беше избркан еднаш. Тој беше меѓу номинираните за „Златната топка“, откако доби 2 поени и заврши на 24-тата позиција.

Минатото лето, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, одби да го продаде Кулибали за помалку од 100 милиони евра.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e