Рафа Надал утре се жени на Мајорка, меѓу гостите и Роналдо

Рафаел Надал се жени утре на мајорка со својата долгогодишна девојка Марија Франсиска Перело која шпанските медиуми ја нарекуваат според нејзиниот прекар Чиска.

Славниот тенисер и неговата љубов од детството со која се забавува веќе 14 години, на раскошна свадба ќе соберат повеќе од 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми.

За менито на свадбата ќе биде задолжен познатиот шпански кувар Кики Дакоста, а како што се наведува Рафа на својата свадба ќе ужива во посебно јадење базирано на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирана традиционална шпанска храна базирана на месо и риба.

надал женидба

Меѓу гостите ќе се најдат и Кристијано Роналдо, пејачот Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. Ќе биде забрането користење на мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи употреба на дронови.

Приватни авиони не ќе можат да го надлетуваат местото на венчавка, се за да се спречи секаков обид папараците да дојдат до ексклузивни фотографии.

Невестата ја избрала својата венчаница во Барселона, додека венчавката ќе ја изврши локалниот свештеник Томеу Катала, пријател на семејството Надал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e