Проблем за Голден Стејт, Стеф Кари ја скрши дланката! (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Голден Стејт, Стеф Кари ја скрши левата дланка на мечот со Феникс во кој Вориорси загубија со 110:121.

Кари се повреди на средината на третата четвртина по соло пробивот под кош кога се судри со центарот на Санс, Ерон Бејнс.

Кошаркарот на Феникс падна на раката на Кари и веднаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда, затоа што Стеф моментално го напушти теренот.
Повредата на Кари претставува сериозен проблем бидејќи од претходно од тимот отсуствува и Клеј Томпсон заради повреда на коленото.

Се очекува по деталните прегледи да биде утврдено кали Кари ќе треба да замине на операција.

Голден Стејт го доживеа третиот пораз во четирите натпревари на стартот од сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e