Ас на Лестер во фокусот на Јунајтед и ПСЖ

Манчестер јунајтед и ПСЖ ќе се обидат да привлечат една од sвездите на Лестер, Рикардо Переира.

Според „Le10Sport“, двата тима по секоја цена го сакаат 26-годишниот португалски репрезентативец на „лисиците“, кој може да игра и како бек и како крилен играч.

Сепак, двата тима ќе имаат сериозна конкуренција за потписот на играчот, бидејќи се верува дека за него се заинтересирани водечките тимови на Апенините, чии имиња во моментот не се споменуваат.

Сепак, Лестер е подготвен да го задржи својот главен играч, а екипата веројатно ќе ги одбие сите јануарски понуди за него.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e