МЗТ го победи Нови Пазар

Американскиот бек Ерон Херис погоди две слободни фрлања на 0,5 секунди до крајот на натпреварот, за драматична победа на МЗТ Скопје Аеродром над Нови Пазар од 89:87 во АБА 2 лигата.

Македонскиот тим остана непоразен на свој терен во регионалната лига, но вечерва во „Јане Сандански“ беше сериозно загрозен. Во „лудата“ завршница, при 87:87, бекот Хиндс направи грешка, па гостите дадоа кош кој беше поништен поради фаул во напад над Херис. Раката на Американецот не затрепери и МЗТ остана осамен на второто место.

Херис со 18, Крстевски со 16, Хиндс и Магдевски со по 14 и Маслинко со 13 поени, беа најефикасни кај МЗТ. Следниот меч на „штрковите“ во втората јадранска лига ќе биде на 12 декември, на гости кај црногорскиот тим Ловќен.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e