Мојс на чекор од враќање во Вест Хем

Дејвид Мојс е фаворит за менаџерскиот пост на Вест Хем, открива Телеграф. „Чеканите“ се претставуваат слабо од почетокот на сезоната и се најдоа на 17-тото место во пласманот. Тимот е на поен од зоната за испаѓање и се очекува Мануел Пелегрини наскоро да биде отпуштен.

Доколку вечерва лондонскиот тим го загубат својот меч од Лестер, тоа сигурно ќе доведе до тренерска промена. Раководството на клубот веќе остварило разговори со Мојс, кој ги спаси „чеканите“ да не испаднат пред две години.

На списокот на газдите на Вест Хем се наоѓаат и три други имиња – Шон Дајч, кој го предводи Барнли, Крис Вилдер, кој има добар период со повратникот во елитата Шефилд Јунајтед и поранешниот ментор на Брајтон – Крис Хатон.

Во нивниот последен натпревар „чеканите“ изгубија со 1:2 од Кристал Палас. Тимот има само пет победи од 18 одиграни натпревари.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e