Лампард: Бевме должни да победиме против Лил

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард го пофали тимот откако го совлада Лил со 2:1. Ова беше прв успех за лондонскиот тим во нивната група во Лигата на шампионите, откако беа поразени на домашен терен од Валенсија.

„Многу тежок натпревар. Лил напаѓаше различно, а поддршката од трибините беше важен адут за домаќините. Евро-турнирите никогаш не се лесни кога играте на гости, особено против екипите на Лил. Но, вечерва (вчера), работите се одвиваа добро за нас. Бевме должни да победиме откако дозволивме да загубиме на домашен терен во првото коло“, рече Лампард.

„Томори повторно одигра неверојатен натпревар. Се надевам дека ќе продолжи во истиот дух. Ајакс е многу силен конкурент и уште еднаш ги демонстрира своите амбиции со победата над Валенсија. Против Холанѓаните не чека нов тежок предизвик“, додаде поранешниот репрезентативец на Англија.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e