Инсиние потворно се собира со Анчелоти?

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти, сака да го донесе италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиние во составот. Двајцата работеа заедно во Неапол, а искусниот страте е сигурен дека Инсиние може да направи одлична работа и на „Гудисон Парк“.

28-годишниот крилен играч минува низ тешки времиња во Неапол и постојано е критикуван од тифозите. Евертон би можел да ја искористи ситуацијата и да направи понуда во јануари.

Самиот фудбалер не крие дека бара нови предизвици. Сепак, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис упорно одбива да го пушти во друг клуб. Доколку понудата на „карамелите“ е доволно атрактивна, овој пат сепак, може да се дојде до договор.

Инсиние се проценува на 60 милиони евра. Оваа сезона тој има 19 натпревари и 4 гола за Наполи.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e