Гвардиола со луда реакција до судиите на дербито со Ливерпул (ВИДЕО)

Дербито во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер Сити заврши со победа од 3:1 за тимот од Мерсисајд. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола не беше задоволен од настапот на своите играчи, но наместо тоа, ги изрази своите претензии до судијата на мечот Мајкл Оливер.

Според шпанскиот стратег, Оливер морал да досуди два пенали во корист на Сити за игра со рака на Трент Александар-Арнолд во сопствениот шеснаесетник.

Во првото полувреме топката се удри во раката на десниот бек по центрирањето, но судијата не досуди пенал.

Во вториот дел од удар од блиско растојание на Рахим Стерлинг, топката повторно удри во раката на Александар-Арнолд, но судијата не реагираше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e