Поранешниот уругвајски репрезентативец Диего Форлан е исклучително позитивен во врска со својот сонародник – Единсон Кавани, кој е пред трансфер во Атлетико Мадрид. Форлан е на мислење дека неговиот пријател ќе се справи одлично во тимот на Диего Симеоне.
– Кавани би бил одличен додаток за Атлетико. Ќе одговара на клубот и ќе биде корисен за остатокот од сезоната, како и на долг рок. Трансферот треба да стане факт што е можно поскоро. Ова е она што му треба на Симеоне. Убеден сум дека Кавани ќе ги привлече сите на своја страна многу брзо – и фановите и соиграчите, рече Уругваецот.
Кавани пристигна во Париз во 2013 година од Наполи за 64,5 милиони евра. Тој претходно играше за Палермо и родниот Данубио.