Бернардо: Првата половина од сезоната дефинитивно e разочарувачка за нас

Една од sвездите на Манчестер Сити, Бернардо Силва не беше задоволен од фактот дека неговиот тим пропушти предност од 2-0 против Вулверхемптон при нивната посета и дозволи пораз од 2-3.

– Тешко е да се игра 82 минути со 10 лица против толку силен ривал. Ова е еден од најтврдите тимови во Премиер лигата, тие се навистина одлични во моментов. Ние направивме добро и имавме солидна педност, но направивме две мали грешки и тие израмнија, а потоа тие нè победија. Бевме многу уморни во моментот кога го примивме третиот гол. Разликата од врвот? Тоа е непријатна ситуација, да. Ние навистина сме далеку од Ливерпул. Првата половина од сезоната дефинитивно e разочарувачка за нас, изјави Силва.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e