Агентот на Анчелоти пристигна во Лондон на разговори, но не и со Арсенал

Ден откако Карло Анчелто беше отпуштен од Наполи, италијанскиот агент пристигна во Лондон за да преговара со клуб од Премиер лигата.

Арсенал беше првиот клуб за кој се шпекулираше дека има интерес за искусниот стратег.

Според „Сан“ и „Мирор“, сепак, Евертон се обидува да го земе пред „топџиите“ и вчерашните разговори беа помеѓу тимот од Мерсисајд и претставникот на Анчелоти. Предност на Евертон е дека Анчелоти е првиот избор на „карамелите“, додека во Арсенал имаат цел список на кандидати кои треба да поминат низ обемни интервјуа, што ќе ја одложат постапката.

Од „Гудисон“ се подготвени да му понудат на Карло 2,5-годишен договор и значителен буџет за Италијанецот да го засили тимот онака како што сака.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e