Владата ќе финансира изградба на споменик на Тоше Проевски

Владата на РМ на последната одржана седница, на предлог на Министерството за култура, ја усвои предлог програмата за користење на средства за изградба на спомен обележје на Тодор Проески во Крушево со која средствата обезбедени во буџетот се префрлуваат на општина Крушево.

Семејството на Тоше Проески, на кое државата на чело со тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ пред целата македонска јавност му вети дека ќе изгради споменик на гробот мораа сами да инвестираат во поставувањето на надгробна плоча и уредување на местото.

Пред 5 години, СДСМ тогаш како опозициска партија се спротивстави на одлуката при расправата за ребалансот на буџетот, но сепак на крај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, како што е познато, изгласаа да се избрише ставката за изградба на споменикот на Проески.

Тогаш надлежните тврдеа дека никој не го злоупотребува ликот на Тоше и дека токму Владата на ВМРО го изградила и патот до манастирот „Св. Преображение“, а имало финансиска поддршка за осветлување на манастирскиот комплекс.  Во чест на Тоше во Крушево во 2011-та година беше изградена и отворена и спомен-куќата на Тодор Проевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e