Зиков за журките на младите: Страшни се сликите од Охрид

-Ова од Охрид што деновиве и периодот се случува се страшни слики. Пред неколку месеци вицови раскажувавме за Реизот кога ја прогласи короната за мртва со што им дозвои на верниците да одат во џамиите, истото и со литиите во Струга. Младите со нивните журки се авангардата на едно општество, но овој пат младината оди со неодговорност, рече Љупчо Зиков во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

-Сум за рестриктивни мерки од аспект на масовните собирање затоа што во април и мај кога имаше ограничување добро поминувавме.- рече Зиков.

Зиков констатираше дека деструкцијата кај младите е всушност резултат на собрана со години негативна енергија, а бидејќи, како што рече, такви журки гледавме во соседството, станува збор за балканска негативна акумулирана енергија.

Потребна ни е превентивна политика, односно похрабро да ставиме порестриктивни мерки. Нелогички е со ваква состојба и вакви бројки да ги дозволиме масовните собири. – нагласи Зиков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e