Зиков: Изборниот модел „носи“ пратеници кои мандатот го минуваат во спиење

-Парламентот го донесовме до гротеска, бидејќи имате пратеници кои зафаќаат столчиња, трошат државни ресурси… Го минуваат мандатот во спиење, неактивност…констатира Љупчо Зиков во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

-Земаат 100-тина илјади за патни трошоци, пијат кафе и се хранат евтино, тие работи треба да се сменат бидејќи тие се избор на народот. Пак одиме до моделот, кога би имале подобар модел, идните избраници ќе се залагаат за мали работи, а не да сме сведоци на егоизам кога ќе влезат во Парламентот, нотираше Зиков потенцирајќи дека ова се банални примери, но сепак страниците за глава се фаќаат кога го набљудуваат Собранието.

И Зиков и професорката Мирјана Најчевска се согласија дека пратениците треба да имаат одговорност како носители на јавни функции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e