Зиков: Интеграциите ни беа затворени, затоа прашањето за името не беше отворано со години

-Конкретно за името, ние 30 години тој проблем го имавме. Во одредени етапи не се ни зборуваше, на пример 4-5 години во блок никој не го отвараше проблемот со името . Зошто? Затоа што веројатно таму кај што требаше да одиме со интеграциите ни беа затворени па веројатно луѓето велеа зошто да го отвораме тоа прашање. Кога се отвори ова прашањога ЕУ и НАТО дале сигнал – ако сега го решите сега ќе влезете, како и што се случи. – рече Љупчо Зиков во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

-Ние сме шампиони да ја однесеме темата во тотална тривијалност. Македонија решавајќи историски прашања во континуитет правиме филмска драматика на процесот и тогаш мора да се убрза процесот. Тоа е кај нас проблемот, без историско помнење. – потенцираше Зиков.

Зиков смета дека претстои стабилен период на владеење на новата влада.

-Во зависност какви храбри од аспект на реформи во организираниот криминал, правосудството… толку ќе биде стабилна владата! Тоа се параметрите, заклучи Зиков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e