Започна откочување на процесот за македонските професионални возачи. Хрватска официјално усвои законски измени со кои на професионалните возачи ќе им се овозможи добивање на долгорочни визи.
Оваа законска измена претставува клучен чекор во надминувањето на проблемите кои се појавија со воведувањето на ЕЕС системот (Entry/Exit System) во Шенген зоната. Овие нови правила значително ќе ја олеснат работата на македонските возачи на камиони и автобуси.
Покрај Хрватска, и Швајцарија веќе практикува издавање на вакви долгорочни визи. Се очекува дека и други европски држави наскоро ќе се приклучат кон оваа иницијатива, со цел да се обезбедат конструктивни решенија за македонскиот транспортен сектор.
