Загаден воздухот во Скопје

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање од ноќеска покажуваа концентрации на ПМ10 честичките и над 200 микрограми на метар кубен, а нависоката вредност е регистрирана кај Ректорат од 301 во 02 часот по полноќ.

Според објавените мерења, најзагаден воздухот бил кај Ректоратот каде од 20 часот концентрациите се искачуваат на 221,51 микрограми и достигнуваат до 301 во 02 часот по полноќ. И следните мерења на оваа станица покажуваат високи концентрации над дозволеното со измерени 248 во 03 и 04 часот и 169 измерени во 05 часот и се уште се над 100 микрограми. Последното мерење од од 09 часот со 153 микрограми.

Загаден воздухот бил и во Карпош и Гази Баба. Во Карпош високи концентрации над 100 се измерени од 18 часот синоќа кои се искачуваат до 211 во 20 часот и се заджуваат во следните мерења меѓу 100 и 200. Последното мерење евидентирало концентрации од 44 микрограми.

Во Гази Баба максимумот од 209 микрограми се измерени во 22 часот и на полноќ и 202 микрограми во 03 часот. Концентрациите се задржани на 196 во 04 часот, и над 100 се движат се до последното мерење во 09 часот.

Ѓорче Петров, исто така, вчера по 16 часот евидентира концентрации над 100 микрограми.

Во Центар мерната станица, според објавенотот на веб страницата, е во 18 часот синоќа и тука концентрациите се движеле околу 80 микрограми и достигнале до 98 во 18 часот.

Препораки за заштита на населението се упатуваат во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 во два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e