Заев во интервју за А1он: Во август ќе ја составиме новата влада, ќе коалицираме со партии што се за европски концепт

Процесот на преговори за формирање нов состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници. Бројките се јасни, СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбедија најмногу пратенички места, кристално чисто е кој го има мандатот, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за „А1он“.
За него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се аутсајдери и, според него, тие на предвремените парламентарни избори покажале дека имаат сериозни проблеми и дека се заробени од груевизмот.

Во однос на малиот одѕив на граѓаните на изборите, Заев тврди дека за тоа има три причини: стравот од коронавирусот, времето на нивното одржување (среде лето) и црната кампања што ја водела ВМРО-ДПМНЕ. Заев ветува дека во август ќе биде заокружен изборниот процес и ќе бидат ставени во функција новото Собрание и новата влада, а наесен веќе ќе има целосно активни институции.

Господине Заев, очекувавте ли ваков резултат на изборите? СДСМ победи со речиси 12.000 гласа повеќе пред ВМРОДПМНЕ. Ако се гледа од аспект на 2016 и тоа дека на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, тогаш може и да се смета за успех. Но, доколку се има превид дека се најавуваше поголема победа и дека повторно коалицијата зависи од ДУИ, тогаш може ли да се нарече успех? Како Вие сте задоволни од резултатот? 

Заев: Во август ќе ја составиме новата влада, Мицкоски е аутсајдер, ќе коалицираме со партии што се за европски концепт 3/19 година и тоа дека на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, тогаш може и да се смета за успех. Но, доколку се има предвид дека се најавуваше поголема победа и дека повторно коалицијата зависи од ДУИ, тогаш може ли да се нарече успех? Како Вие сте задоволни од резултатот? Парламентарните избори се успех и за Северна Македонија, и за граѓаните и за СДСМ. Овие избори ги потврдуваат демократските процеси и тенденции, кои низ изборните циклуси неповратно се случуваат од 2016 наваму. Имавме фер, демократски и кристално чисти избори, кои го покажаа демократскиот капацитет на нашата земја, но и на СДСМ како политичка опција и владејачка партија. Еве, и во третиот изборен циклус граѓаните слободно и демократски гласаат, овој пат и во спцифични ковид-услови, а СДСМ трет пат победува. Има ли поголем успех од тоа граѓаните да ти доверат победа во услови на слобода? Има ли поголема победа од тоа да добиеш мнозинство во слобода наспроти мнозинствата што Груевски ги добиваше под принуда? Успехот од овие избори, кој мене ме прави исклучително горд, е што граѓаните на јасен и недвосмислен начин ги потврдија европската определба и европската иднина на нашата земја. Победата на СДСМ и коалицијата „Можеме“, поддршката што ја добивме на овие избори, се јасен показател дека мнозинството граѓани сакаат европска, безбедна, просперитетна, економски напредна Република Северна Македонија. Држава која храбро ќе чекори напред, која ќе освојува нови пазари, која ќе гради нови перспективи, која ќе ги негува добрососедските односи и ќе создава нови пријателства. Изборната победа е уште една потврда, но и поддршка на политиките на СДСМ, на преспанскиот договор и на договорот за добрососедство со Бугарија. Се покажа уште еднаш дека граѓаните ги поддржаа овие храбри одлуки, дека мнозинството стои зад нив, а тоа ме прави особено горд и среќен. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на мрачното минато, најавите за преиспитување на договорите со Грција и Бугарија, загрозувањето на нашето членство во НАТО, загрозувањето на нашиот евроинтеграциски пат – добија јасен црвен картон. Тие застарени и националистички политики немаат иднина на нашата политичка сцена. Тоа се покажа на овие избори, а ќе се покаже и на секои наредни.

Целото интервју со лидерот на СДСМ Зоран Заев за А1он на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e