Заев: Сите заедно да дадеме поддршка за успешен попис

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека може да гарантира пред граѓаните дека ќе стори се процесите во државата да бидат успешни и процесот на пописот да даде квалитетни и целосни податоци од кои потоа ќе може државата квалитетно да ги димензионира и економските, финансиски и сите видови на политики. Затоа е важно низ дијалог да постигаме консензус за секое можно прашање, а посебно за вака важни прашања кои се за целата држава и за нашиот народот. Порача сите заедно да застанеме за да имаме успешен попис.

-Секоја отстапка, секоја големина, секоја широчина која ќе ја гарантира успешноста на процесот е добредојдена и важна во функција на успешноста на процесот. Еден граѓанин да не се попише е проблем зошто не е добро. Сите треба да се попишат. За СДСМ да повика на попис, да учествува во пописот и даде придонес во пописот вредно е да ги слушнеме и нивните аргументации, изјави премиерот Зоран Заев во Собранието, по средбата со координаторите на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Додаде дека поголем дел од населението ќе биде имунизирано, но никој не може да гарантира дека во септември нема да им поголем бран од сегашниот на коронавирусот.

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека денеска на средбата не разговарале на темата попис и посочи дека веројатно, можеби, нервозите или спротивставувањата доаѓаат поради ова прашање коешто е блокирано.

-Знаете прво дека е блокирано со амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Ние денеска разговараме со извршната власт да го изнајдеме решението на ова прашање, а потоа следува да разговараат предлагачите и со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, рече Заев.

Заев очекува Алијанса на Албанците и Алтернатива да дадат поддршка на измените и дополнувањата на Законот за попис затоа што, како што рече, логично е да застанеме сите зад тоа решение. Потсети дека тие во минатото има и свои интервенции со амандмани за место во април да се одржи во јуни пописот и смета дека не би требало да биде проблематично. Заев додаде дека има континуитет на попишување на дијаспората и законот е со европско знаменце и не може ниту СДСМ да го блокира законот во Собранието за да ги тера сите процедури во законски рок.

-Може да се гласа за или против, но целта не ни е на некој да му кажеме и да сакате не можете да блокирате. Наша цел е да повикаме сите да застанеме зад законот затоа јас разговарав со најголемата опозициска партија која беше против и еве денес изнајдовме решение, имаме решение за сите да бидеме за, изјави Заев. Додаде дека сите партии имаат свои аргументации и досега тие се кажани, и СДСМ, ДУИ и БЕСА, но и Алијанса на Албанците и Алтернатива за да имаме успешен попис.

-Верувам дека сите пред се имаме граѓанска должност, а и политичарите застапени посебно во Парламентот со своите политички субјекти имаме и одговорност да апелираме за излезеност на пописот, за попишување на сите и верувам дека таа одговорност ќе ја исполниме сите, рече Заев.

Во однос на процедурата за одложување на пописот, Заев изјави дека ќе остави Парламентот да даде одговори и нагласи дека очекува да имаме јасно, чисто правно решение за одложување. – И така и службите и институциите се на сигурно, односно се законски обезбедени, рече Заев.

Премиерот Заев нагласи дека за пописот како важна работа во државата треба да застанеме сите и треба да изнајдеме начини, а верува дека и Парламентот ќе изнајде.

-Испратена е извесна порака дека многу поголемо мнозинство, дури поголемо и од двотретинско мнозинство има став дека за попис од петти до 30 септември тогаш нема логичка оправданост некој да потпише Трошковник на први за да почне да продуцира трошење на јавни пари зошто логично ќе направи штета иако тој некој би бил убаво да биде покриен со закон, рече Заев. Додаде дека има Бадентер за промена на законот и повеќе од двотретинско мнозинство за закон кој се носи со просто мнозинство и решението е јавно испратено.

На средбата, покрај Заев присуствуваа и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Бојан Маричиќ и за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e