Заев: „Рекет” води кон Мицкоски

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција одговори на обвинувањата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, дека немало договор на лидерската зошто тој се плашел од „Рекет“ и бил нервозен за случајот.

– Секој пат стојам принципиелно зад системи и создадени вредности, секој пат стојам. Не е важен ниту еден поединец, Вилма Рускоска води сериозни предмети. Немојте да дозволите зошто му паднало на памет на Заев и Мицкоски да се смени обвинителот, не можете да испратите порака дека Заев или Мицкоски се плашат, не, истрагата треба да тера до крај, рече Заев.

Вели ако опозицијата сака да предложи обвинител тоа е во ред, на крајот зборот го има Собранието.

– Предметот „Рекет“ води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се, вели Заев.

Премиерот претходно рече дека е разочаран од исходот на лидерската средба.

-Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Заев додавајќи дека правда и правна држава мора да има и ќе има.

Според него предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e