Заев од централната трибина во Скопје: Слободарско Скопје знае дека ЕУ и НАТО се правиот пат

„Носите маски, но ја гледам надежта на вашите озарени лица. Слободно Скопје секогаш било авангардата и гордоста наша“, вака претседателот на СДСМ Зоран Заев го отвори своето обраќање на централната трибина на Коалицијата „Можеме“, во Скопје.

Заев порача дека денес правиот пат значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој.

„Убаво е слободно Скопје кое што верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што знае дека прав пат е грижа за сите, грижа за сите која што ја покажавме на дело во изминатите три години. Грижа за најсиромашните, грижа за помалку бројните етнички заедници, грижа за жените, грижа за лицата со посебни потреби, грижа подеднакво за сите, нашиот главен град Скопје знае дека е на правиот пат затоа што имаме вистинска развојна македонска економија, затоа што покажавме дека кога се решаваат најкрупните прашања можеме да водиме грижа за нашата економија.

Скопје знае дека ЕУ и НАТО се правиот пат. Знае дека сме на правиот пат затоа што гледа дека сме најуспешни во борбата со КОВИД – 19, Скопје знае дека сме на правиот пат затоа што знае дека тоа е патот кој што води кон целосен ред, дисциплина и правда. Скопје, слободно наше Скопје кое што секогаш ја храбрела внатрешноста на Македонија знае дека сме на правиот пат затоа што создаваме еко држава, знае Скопје дека овие шест столба се правиот пат, знае Скопје дека можеме, знае Скопје дека можеме уште подобро, уште повеќе“, порача Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e