Заев го одбил барањето на Мицкоски за амнестија на поранешни високи фукнционери на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерската средба на којашто требаше да се разговара за Законот за ЈО односно за продолжување на функционирањето на СЈО во рамки на ЈО заврши без договор. Извори од средбата брифираат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската средба побарал амнестија за најмалку 3-ца поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Според овие извори, Мицкоски настапил со однапред разработен план во две точки: првата, кои случаи на СЈО треба да бидат опфаттени со амнестија и втората кој обивнител од ЈО тие предмети треба да ги преземе. Согласно наведените предмети кои биле соопштени од Мицкоски, меѓу кои „Империја“, „ТНТ„ „Пропаганда“, „Талир“, „Тврдина“, и за кои предложил да бидат опфатени во амнестијата, јасно било веднаш станува збор за Никола Груевски, Орце Камчев и Сашо Мијалков. Разработениот план кој обивнител да преземе некој од овие предмети било толкувано како јасен сигнал дека наместо правда, Мицкоски бара уривање на правната држава. Како што брифираат нашите извори Заев предлогот на Мицкоски веднаш го одбил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e