Заев до Црвенковски и Куновска: СДСМ на пролет има директни избори, па повелете

„Со Бранко Црвенковски не сум се слушнал година и пол. Поздрави сме праќале по луѓе, ама директна комуникација сме немале. Она што јас го мислам е дека Црвековски треба да биде активен во политиката, како што се поранешни функционери во други држави, може да придонесе во своето општество. Има и други поранешни премиери и претседатели кои се активни. Црвенковски и тие околу него имаат демократско право да реагираат. Сега тие не се дел од органите на партијата. Ако прашувате дали водам грижа дека ме загрозуваат мене и мојата позиција во СДСМ, еве ќе им кажам, во април имаме избор за претседател на СДСМ, имаме демократизирање на изборот, секој член ќе гласа. Ако некој мисли дека Заев треба да биде сменет нека повелат. Изборите се тука.“- изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на Канал 77, одговарајќи на прашањето за ставот на Црвенковски и уште неколкумина поранешни функционери кои јавно реагираа после интервјуто на Заев за Бгнес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e