За последниве две години се вработиле 54 391 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, активното население во земјава изнесува 962 463 лица, од кои вработени се 794 283, а 168 180 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.1, стапката на вработеност 47.1, додека стапката на невработеност изнесува 17.5.

Разлика за 2 години е 54.391 вработени повеќе. Ова е рекорден пад на невработеноста од 17.5% – оценуваат аналитичарите.

Невработеноста во вториот квартал на 2017 година беше 22,6% или во апсолутни бројки – во тој период невработени се 54.391 лице Само во вториот квартал на 2019 година вработени се 4.869 лица и невработеноста сега достигна нови рекордно ниски стапки – 17,5% – информираше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e