(ВИДЕО) Османи: Возможен е патоказ за следење на Договорот со Бугарија, како дел од ЕУ-процесот но не и од Рамката

Ако констатираме дека Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па, и во форма на патоказ, вели шефот на дипломатијата во интервју за “360 степени”.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за „360 степени“, зборуваше и за споменувањето од Бугарија на варијанти за патоказ или “патна карта” за спроведување на Договорот за добрососедство.

„Самиот Договор е патоказ. Знаете дека Договорот покрај Комисијата на историчари предвидува и меѓувладина комисија која се состанува еднаш годишно и прави пресек на постигнатото, констатира што е постигнато што не е постигнато. Договорот има предвидено механизми како да се контролира, но ако констатираме дека еве Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па, и во форма на патоказ, меѓутоа сметаме дека тоа не треба да биде дел од преговарачката рамка, затоа што ќе го помести процесот непотребно“, вели Османи.
Тој додава дека патоказот, сепак, би бил дел од ЕУ-процесот, иако не би бил формално дел од Рамката, бидејќи со тоа не се согласуваат другите земји членки. Деновиве со Бугарија се разговара и на оваа тема, по што ќе се знае дали ќе има надминување на отворените прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e