(ВИДЕО) Клековски за „360 степени“: Пристапот е колку ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во ИЕ3, толку да се неутрализира од СДСМ во ИЕ6

Aналитичарот Сашо Клековски во дебата на „360 Степени“ даде предвидување за исходот од предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во среда.

„Решава и 6-та, но и 3-та изборна единица, колку ВМРО-ДПМНЕ ќе освои предност. Од она што можам да го согледам, пристапот е колку ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во 3-ка, толку да се неутрализира во 6-ка од страна на СДСМ, а во останатите некогаш е прашање и на среќа, бидејќи ние имавме случај за 50, за 300, за 600 гласови да се промени односот на силите. Јас не сум сигурен дека СДСМ ќе го постигне својот таргет во 6-ка бидејќи ми се чини дека овие се едни од најконкурентните парламентарни избори меѓу етничките Албанци. Да, 2016 имавме силна БЕСА, силна Алијанса, меѓутоа сепак беа малку во зачеток и едната и другата структура. Сега можам да кажам дека Алијансата е релативно консолидирана, плус дополнета со Алтернатива од Гаши, ќе има многу сериозен предизвик. Тука е прашање и како етничките Албанци ќе одговорат на денот на гласање. Дали ќе сакаат да знаат дали е ДУИ победник, дали Алијанса е победник, што евентуално ќе доведе до концентрација на етнички албански гласови во ДУИ и во ААА. На крај сите се соочуваме, покрај нашите лични преференци, на денот на гласањето за што точно би гласале 14-те партии, сепак одлучува и кого сакаме да видиме како победник на изборите. И можеби гласачи што би се одлучиле да гласаат за други, помали партии условно кажано, да не бидам погрешно разбран, дента ќе се одлучат сепак да гласаат за некоја од 4-те главни политички опции“, вели Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e