(ВИДЕO) Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори

Ова е видео од младите сили на ВМРОДПМНЕ, но и на високото партиско раководство – организираат Школа на
младите сили на партијата, насловена како „Младите – лидери на промените“.

Владо Мисајловски, Александар Николоски, Тамара Михајловска, позната по изборниот спот со лидерот на партијата
Христијан Мицкоски, се само дел од присутните на настанот во август 2019 година на кој присуствуваат 150 луѓе во
хотел во Струмица.
Видеото се шири на социјалните мрежи вклучително со стотици фотрографии, а придружено со коментари дека првата летна школа на младите сили на партијата била завршена со „многу нови знаења, вештини и нови пријателства“.
И сето ова ќе беше во ред, ако на само еден краток дел од видеото не се гледаше логото на „Еразмус“ – програма со која со европски пари Националната агенција за европски образовни програми дава грантови за различни проекти.
Ова видео под сомнеж го става прашањето дали со европски пари бил финансиран дводневен партиски настан, под превезот на грант што претходно го добила невладина организација.

Лидија Димова, директорка на Националната агенција, во изјава за „А1он“ тврди дека е и самата е изненадена од тоа што го гледа на видеото и дека во тек е интерна истрага за скандалозното појавување на логото на „Еразмус“ на
ваков собир.

lidija-dimova-960x640
„Спотот што ни го испративте е од Школата на млади сили на УМС, но и ние забележавме дека на истиот се гледаат
плакати од проект финансиран од ‘Еразмус’. Инаку, стануваше збор за проект со кој беше грантирано Здружение за
образовни активности – ‘Форум за истражување и мобилност“ од Битола, кој требаше да поттикне создавање на
компании за органско производство и претприемачки дух кај луѓето“, вели Димова.
Таа објаснува дека уште од самиот почеток, овој проект бил идентификуван како ризичен и поради имал посебен
режим на финансирање. Нејзината претпоставка е дека проектот се финансирал, зошто во 2017 година Марија Петрушевска била евалуатор на проектот, а истата е сега кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица.
Дали под превез на грант за невладина организација се финансирал партиски настан со европски пари?

Вкупниот грант за проектот изнесува 140.410 евра, а за завршниот настан платени се 16.600 илјади евра. Каква е
допирната точка на органското производство со завршниот настан за кој постојат сомнежи дека е организиран под партиски превез упативме прашања и до директорот на битолската невладина организација Љупчо Наумовски, но од него не добивме повратен одговор.
Според документите до кои дојде порталот а1он, на 10 мај минатата година поднесен е извештај од оваа невладина организација „Форум за истражување и мобилност“, за проект реализиран со грант на Националната агенција. Проектот се однесува на создавање компании за органско производство и поттикнување на претприемачкиот дух кај луѓето. Сето ова почнало во 2017 година и според правилото на „Еразмус“ било реализирано со партнерство на други невладини, од Бугарија, Италија, Шпанија и Хрватска.
Како што дознаваме, сомнежот паѓа откако е доставена листата на учесници на завршниот настан, кој се прави по секој завршен проект и треба да бидат поканети луѓе за да се афирмира истиот. Од вкупната сума од 16.600 евра се даваат по 100 евра за учесник од земјава и по 200 евра за учесник од странство.

Ова е дел од листата на учесници потпишани на завршниот настан на невладината организација – најголем дел од овие учесници се истите, млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, за кои не се знае дали учествуваат на школата за млади сили, илипак на завршен настан на невладина организација. Сепак, нивните имиња и email адреси се запишани на листата учесници што под знак прашалник го става прашањето, дали со истите пари дадени за завршен настан на невладина организација, ВМРО-ДПМНЕ си организирало летна школа.

letna skola
Од ВМРО-ДПМНЕ во писмен допис тврдат дека невладината организација не се јавува како донатор на летната школа и дека истото ќе биде поткрепено со документи, но по завршувањето изборите.

„Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ остварува соработка со многубројни фондации и здруженија на граѓани.
Здружението кое што го посочивте не се јавува како донатор на летната школа во Струмица, нити пак на каков бил друг настан организиран од партијата. ВМРО – ДПМНЕ ги поддржува сите свои членови во нивното слободно време да учествуваат на што е можно повеќе обуки со цел истите да се стекнат со дополнителни знаења и
вештини“, велат од партијата.
Неодамна ВМРО-ДПМНЕ ја посочи директорката Димова, велејќи дека во Агенцијата во континуитет се случува сомнително работење. Партијата обвини дека Агенцијата не поднела завршен извештај за својата работа во март и дека се купувани службени возила за 100 илјади евра кои се употребувале за приватно возење.
По ова, Димова исто така на пресконференција рече дека во Агенцијата се вршат истраги за „злосторничко
здружение“ кое успеало да проневери 2,2 милиони евра од програмата „Еразмус“
преку наместена тендерска документација.
За овие проневери таа вели дека истрага спроведува Обвинителството и финасиската полиција.
Националната агенција ја тресат скандали со години речиси една декада. Во 2010
година Европската комисија изрази сомнеж за начинот на кој Македонија ги троши eвропските пари. Поради тоа беа стопирани средствата за две многу битни програми за европско образование за 2010 година, а беше извршена и комплетна ревизија на работењето на Агенцијата.

Извор: а1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e