Трајковски за „Фокус“: Секој бран ќе биде послаб, но да почекаме уште малку!

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски, кој прави статистички анализи на бројките поврзани со коронавирусот, во изјава за Фокус вели дека пандемијата полека слабее.

„Во моментот имаме промена на сојот, односно во Струмица веќе е секвенциониран „стелт“ потсојот на Омикрон сојот. Со поголема преносливост и непознато дејство на досегашниот стекнат имунитет на коронавируси, најдобро е да почекаме уште десетина дена за појасна слика“, вели Трајковски, кој предлага уште малку трпение, „иако долгорочната прогноза (за следните 1-2 месеци) оди во насока на намалување на дневните броеви на новодијагностицирани“.

Околу тоа дали треба да се очекуваат разгорување на епидемијата во земјава по 8 март, проф. Трајковски вели дека ситуацијата сега е различна од онаа во изминатите две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e